Сладо-лед! rev.24За жал. Ништо ново. Шефе: да додадеме - ПРОТЕИН - во насловотТоа е. Не знам каде веќе не пишува: „протеински..“ не знам што. Мислам, чоколино со протеин, инстант пудинг ама со протеин, туна салата протеин со шиме моржот, абе не знам. Озбилно. Имам идеја: ако некој се занимава со продажба на јајца од кокошки, нека ме бара! Имам место за ко-основач. Бубачката што го обила светот во црвеноЕднаш многу одамна, имало боја, за која на кралеви и царици им течеле лиги, уметницине паѓале у несвес. Пиратите (не од Карибите - не Џони, не ти што симињаш виндовс и офис илегала) пљачкале бродови за бојата. Дикинсон пишувал за неа. Научниците коси кубеле да дознаат повеќе. Секако, мажи гинеле за да ја имаат..јер мажи и жени. Како може, една боја, да е толку вредна? Како, толку? Црвената боја, во скоро секоја култура има посебно место. Црвената боја, му вика на окото: „глеј ме, ГЛЕЈ МЕ! Тебе ти зборам!!!“. Не влече црвената, пошто таа е моќ, таа е пасија, таа е бес, таа е жртва, таа е здравје (црвени образи). Изгледа сите ние си имаме во себе нешто што не тера да ја забележиме црвената боја. Кога ќе видиме црвено, ни се забрзува и пулсот и дишењето. Веројатно бидејќи ја врзуваме со раѓање, крв, оган, секс и смрт. Една од најтешките бои за репродукција била crimson (темноцрвена), или гримизна на македонски и на српски, кипкирмиз на турски, малинова на руски. Ептен тешка за правење. Што све не се користело за да се добие црвена. Проблемот е дека само неколку природни состојки можат да направат црвена боја. Хена црвена од дрвото хена, брош, бразилско дрво и не знам, користеле и крв за да добијат црвена, ама главно неуспешно. Кај нас црвена имало од „кермес“ инсект/паразит што живеел во медитеранските дабови стебла. Единствено после походот на шпанците по Америките, во Европа е донесена појака/подобра гримизна. А баш таа скапоцената црвена е од: cochineal (не можев да ја најдам на мк, за жал) и тоа од женски инсект кој живее паразитски на некојси вид на кактус некаде во Средна Америка. Го користеле од памтивек тие што живееле таму. Од ова инсектче се добивале милион нијанси на црвена, од светло розе до бургунди..додуше требало 70000 инсекти за пола кило боја, ама едноставно немало подобра црвена од оваа и точка. И шпанците слетуваат во Мексико, гледаат сите носат облека со феноменална црвена боја.. „дечки од кај црвенава?“, „од едни црвени инсекти од еден кактус.“ - одговорил Мануел. „Така ли, дај ми милион такви инсекти, кај нас ги нема, а црвена е зезнато да се добие.“ Останатото е историја. Уметниците фатиле да ја користат оваа црвена, ама не сите биле моќни да ја платат, јер уметници, па користеле некаков хибрид кој го добивале од текстил боен со cochenile, а не директно со дробење на инсектот. Кој бил ваков, уметник уметник не се знаело, ама сега со некаква технологија може да се потврди дека Рембрант (од горе) користел, д риал диал, црвена од бубачката. Како што минува времето, така имаме напредок, па црвената од бубачка некаде во 19ти век ја заменува црвена од јагленов катран?! која нормално е поефтина и сите се префрлаат на алтернативата. Дури и во Мексико престанува да се користи бубачкава. Но, пази сеа, бидејќи не постои ништо ново на светот, туку само работиве се вртат во круг. Ко што рекол познатиот Панта Реи: се тече се се менува, само Пере е од Нокаут. Денес одново има интерес за природно добиени црвени бои, кој би рекол? Затоа кога ќе видите по етикетите на тие корејски или не знам какви козметики carmine, carminic acid, crimson lake, Natural Red 4, или E120, да си знаете дека користите, царска гримизна/темноцрвена црвена. Зошто брзите
|
Месечни пишуванки за 3 работи кои го менуваат мојот свет. Monthly write ups about at least 3 things that change the world.
Сладо-лед! rev.29 купи ли некој сладолед? Деталите ја чинат сликата земено од getty images. Деклан Рајс против Сандерленд Сандерленд ќари бод против Арсенал во саботата на 8ми Ноември со драма во последната минута. Додека сите муабети се свртеа кон акробатиката на Броби во 94 мин, или изјавите на Артета дека било „брату беше Хаос“ на утакмицата, една помалку зборена тактика била употребена на стадионот на Сандерленд. Имено, црните мачки (Сандреленд-ци) наменски и нарочно ги имаа подместено...
Сладо-лед! rev.28 период на 50% попуст на сладоледи по маркети. Thank me later. Американката во Италија Фрли поглед на фото. Си ја видел? Ја знаеш? Делува познато, местото? Делува познато ситуацијата? Фотографијата од горе, „Американка во Италија“, најчесто ја имаш видено кога: треба да се покаже како жена е спопадната од еден куп мажи додека си оди по тротоар. Иде и понатаму приказната: „погледни како е исплашена девојката..оној до неа лево погледни како се држи..15 мажи ја зјапаат,...
Сладо-лед! rev.27 Nero, одобрено. Некој ултра скап џелато од ист гејт, не е пробан. Без наслов, но со линк Да одиме малку различно овој месец. Да ги наредам најинтересните работи што ме најдоа додека зјапам во екран. За да можеш да зјапаш и ти, додека седиш дома или на плажа или на планина или на балкон што гледа накај плажа или балкон што гледа накај друг балкон, а на другиот балкон исто седи некој со кој ќе си кимнеш и со тоа ќе констатирате дека е жешко за на балкон, па ќе се повлечеш..и...