Љубов ли е тоа или накриви капа #78


Сладо-лед! rev.30

Коложег и сечко некако се слаби за сладолед.


Љубов, ах љубов!

Никој не знае што е тоа и како почнува и како точно се осеќаш и зошто...тоа како, мајку му.

На кој воопшто прв му текнало тоа таквото да го крсти: „љубов“ и кога?

Нешто копав, па тука веројатно е коренот: Proto-Germanic *lubojanan (source also of Old High German lubon,) лубон, љубон..ваљда тука некаде е коренот. Инаку - да се грижи, посакува е позадината. Некаде околу 12/13 век се појавува прв пат, ко збор. Претходно може го викале, „нож“?!

Популарноста на зборот „љубов“ по книги е интересна. Изволте,

Забележуваш, отсуство на љубов околу страшните војни + студената, и изобилство на љубов на почетокот на Француската револуција, индустриското производство, па цик-цак околу Наполеон.

Пошто, слабо се читаат книги, ова мора да го кажеш, без разлика дали читаш или не! „а многу јако се клика по тастатура и се срча по интернет“ го имаш следното:

гугл срч е најрелевантниот мерач на интересот на луѓето, па може да заклучам:

  • аномалијата е во ноември 2011 кога се појавува албумот на Тоше: „Со Љубов Од Тоше“ :(
  • остатокот е: скокови редовни во февруари, ко стрела низ срце, ко тапа за вино..

Но,

што најмногу ја интересира Македонија, околу љубовта?

Како да познаеш, дека си заљубен?

Како да, искажеш љубов?

Најдобриот, љубовен роман?

НЕ БЕ!

  1. ljubov serija
  2. Ijubov i se e mozno turska serija

Тоа ја мачи Македонија, околу љубовта. Од 2004 до сега.

Значи на интернет слабо и оди на љубовта. Идам, понатаму.

Најдоброто објаснување за љубовта го барам во две групи луѓе:

  • деца до кај 10 години, немаат филтер
  • баби и дедовци над 72, исто немаат филтер ама имаат искуство.

и сега иде анкета за тоа што е љубов, поставена на деца и пензионери на плоштад, оваква:

video preview

или, слатки дечиња во градинка:

video previewvideo preview

Тешко се наоѓа одговор на прашањето: „Што е љубов?“ кај овие новиве дечки, генерација З(аебани), хехе.

Веројатно, ја немам новата верзија на фејсбук (приспособена за генЗ) кузнае што е сега хит, снеп, тикток, дискорд, јутуб.. па да копам таму анкети и хаштагови, нејсе, да ти раскажам една куса приказна:

Во метро (ваљда и кај нас е исто во бус), две другарки 16 год (ваљда) седат заедно и као пола зјапаат у едно момче пола у телефон буљаат. Момчето - е само и секако буља у телефон.

Трае ова минумум 3-4 станици додека едната не се одважи, стане, и го праша кој ти е хендлот(јузернејмот) на инстаграм. На што овој, без да изусти збор и го врти телефонот отворен на тоа кодот за да го споделиш, оваа го слика, ништо не збори и си седнува до другарката.

Буљањето у телефон продужува од двете заинтересирани страни, па дечково се симнува на следната станица и....

и тоа беше една интеракција меѓу засвиѓани ген з.

Не им судам, претпоставувам си пишувале понатака, или посакувам..ама ете тоа е денешната љубов.

Е.

А целово ова го почнав за да ти покажам и докажам дека овој, љубовен боди ленгвиџ при запознавање или манири при прв поглед всушност е: „кој си знае си знае!“

Така било, така е и веројатно така и ќе биде.

Еве ти викторијанско дешифрирање на тоа што е „The Mystery of Love, Courtship and Marriage Explained“

🔥🥵💋💦

🔞🔥😩😏

🤔


Ако многу љубиш да вежбаш

сигурно и ќе се повредиш.

Како во љубовта, а?

Нели.

Кога ќе се повредиш и повредата ќе остави некаков траг на твоето тело, а ќе остави, дека такви се повредите, а и такво е телото. Не е крај на светот, ама и не е целиот свет па повреди.

💋


Твојот Спорт Инн

Месечни пишуванки за 3 работи кои го менуваат мојот свет. Monthly write ups about at least 3 things that change the world.

Read more from Твојот Спорт Инн

Сладо-лед! rev.29 купи ли некој сладолед? Деталите ја чинат сликата земено од getty images. Деклан Рајс против Сандерленд Сандерленд ќари бод против Арсенал во саботата на 8ми Ноември со драма во последната минута. Додека сите муабети се свртеа кон акробатиката на Броби во 94 мин, или изјавите на Артета дека било „брату беше Хаос“ на утакмицата, една помалку зборена тактика била употребена на стадионот на Сандерленд. Имено, црните мачки (Сандреленд-ци) наменски и нарочно ги имаа подместено...

Сладо-лед! rev.28 период на 50% попуст на сладоледи по маркети. Thank me later. Американката во Италија Фрли поглед на фото. Си ја видел? Ја знаеш? Делува познато, местото? Делува познато ситуацијата? Фотографијата од горе, „Американка во Италија“, најчесто ја имаш видено кога: треба да се покаже како жена е спопадната од еден куп мажи додека си оди по тротоар. Иде и понатаму приказната: „погледни како е исплашена девојката..оној до неа лево погледни како се држи..15 мажи ја зјапаат,...

Сладо-лед! rev.27 Nero, одобрено. Некој ултра скап џелато од ист гејт, не е пробан. Без наслов, но со линк Да одиме малку различно овој месец. Да ги наредам најинтересните работи што ме најдоа додека зјапам во екран. За да можеш да зјапаш и ти, додека седиш дома или на плажа или на планина или на балкон што гледа накај плажа или балкон што гледа накај друг балкон, а на другиот балкон исто седи некој со кој ќе си кимнеш и со тоа ќе констатирате дека е жешко за на балкон, па ќе се повлечеш..и...