Некои птици никогаш нема да полетаат #79


Сладо-лед! rev.31

ногер сендвич од тобако.


Рибарче

Пролет.

Второто најубаво време во годината, или првото. Никогаш не можеш да решиш, бидејќи си ко пролет, ко март. На. Два. Ума. Можда и на три. Баш ко март. Додека решиш да процветаш, си смрзнал, па треба пак од почеток. Пробај поинаку оваа пролет.

Глеј. Земи пример од природата. Адаптирај се и само напред.

Каков генијален инженер и дизајнер е еволуцијата и природата.

Светот е лошо дизајниран, ама ако ја копираме природата, полесно е.

Пази.

Може си чул за оние гига брзи возови во Јапонија. Ко куршум. Немој да ти оди паметот кон нашиот до Велес, немој...не ти треба..и тој е брз, замисли пешки да идеш до Велес.

Нејсе. Јапонците (*така сме решиле да ги викаме - Вонземјаните) земски доказ дека постојат вонземјани, да постојат, ене ги онаму на неколку острови ги има, не се зелени, немаат големи глави, само имаат, коси очи и црни коси и прават вонземски работи.

Годината е 1989, во Јапонија ја имаме првата верзија на Шинкансен, брз воз, 250км/ч брз. Арно ама, таа брзина си носи и свои проблеми. Ко соничен бум, кога излегува од тунел. Тој бум е гласен, прегласен за јапонски стандарди. И? Зема главниот инженер, закосува очи и мисли..

Човекот инаку бил страстен птичар (оние што гледаат птици со двоглед - активност што ми личела тотално бессмислена, но како се билдаат години - се повеќе ми личи привлечно, може затоа нема млади птичари? м.з.) и како таков, се инспирал од птици, за секој дел од возот:

  • був за пантографот (она што ги допира жиците/струја на кровот), дизајнот е копија на пердувите на бувот, бидејќи бувот лета нечујно кога се спушта надолу за да улови плен,
  • стомакот на еден пингвин кој лесно се лизга по мраз/плажа,

Најважниот дел од дизајнот - е дизајнот на клунот на возот, кој е копија на клунот на „рибарче“.

Оваа птичка нурнува и не ја бранува водата. Толку е аеро што и велосипедисти на хронометар би му завидувале.

И ете ти го решението. Шинкансен - рибарче, лета низ тунел, а кога ќе излезе звукот не надминува 70 децибели, тоа е гласно ко гласна правосмукалка, секако не твојата, туку како на комшијата.

video preview

Ова е првата импресивна приказна за птиците. Втората е тотален скандал.

Да знаев да пишувам кликбејт наслови ќе пишев:

„Птица летала 13560км нон стоп од Аљаска до Тасманија“

но што знам јас..

Лапонска блатарка:

Овој рекордер во прелет, не застанува за да јаде, пие или спие додека мигрира преку Тихиот Океан. Патот од Аљаска до Австралија го минува за околу 11 дена непрекинат лет низ бури, ветер и отворено море.

Пред да полета се понаша како хирург. Го намалува својот дигестивен систем на практично ништо (без оземпик и гастрик бајпас), стомакот, цревата и црниот дроб ги претвара во „гориво“. Всушност, прави место за повеќе резерви на масти за да има енергија за двонеделниот пат.

Мозокот не спие, туку пола се исклучува, а пола е активен и така работи во смени, во лет, на висина, над океанот. Прочитај ја пак претходната реченица. Оваа птица, пола од времето е у несвест, а сепак навигира подобро од некои инструменти направени од нас - луѓето.

Ако треба, дополнително да потенцирам уште некоја импресивна работа околу летов на блатаркава...вака:

Настрана рекордот во летање, кој е надвор од реалноста, оваа птица е надвор од реалноста со својата прецизна навигација. Го „чита“ магнетното поле на Земјата, воздушните притисоци, позициите на ѕвездите, ваљда има некој квантен компас во очите и може да ги гледа магнетните линии (ова е претпоставка) напоредно со остатокот од визуелниот свет.

Еволуцијата потрошила милиони години за да направи аеро навигациски систем во 300 грамска птица.

Луѓето трошат милијарди пари и милијарди инженери за да го направат ова што го прави една птичка со пола успан мозок, на инстинкт и со изеден стомак.

Најдолгиот лет со регулар авион е околу 20 саати.

Блатаркава лета, 11 дена.

Кутрата нема ни писта за полетување.


И ти си производ на многу години усовршување

и да си во форма и да си во не форма, сепак твоето тело прави нешто неверојатно.

Ако вежбаш и креваш Х кила - тоа е импресивно - браво.

Ако не вежбаш и седиш на работа 8 саати и лежиш дома 4 саати - тоа е импресивно - браво.

Двете работи се исто импресивни, ако прашаш по еден примерок од популацијата. Ни едниот, ни другиот не би можеле да си ги сменат местата и одма да можат да го направат истото. Ама дај им време и оп телото ќе направи нешто импресивно.

Ко оној што јаде секој ден по 5 пати и оној што не јаде 72 саати. Еднакво се воодушевувам. Тоа е, такви сме ние луѓето - импресивни, не ко птиците, ама..блиску.

Забележуваш, те носам кон екстреми, или све или ништо, или Лила или Публика, или макс или мин, или ОН или ОФФ!

Е, не е така, немој така да се понашаш, немој така да живееш. Најважно, немој така да мислиш за вежбањето!

Не може, или вежбаш - или не. Не може на секој тренинг да даваш макс..додека не почне да те били нешто.

После тоа си на ОФФ, додека не се поправиш.

Ако се понашаш вака, реално губиш време, кое можеш да го искористиш за..вежбање.

Наместо да го третираш вежбањето само ко ОН и ОФФ копче, пробај малку со потенциометар.

Некој ден запни, некој ден пробај прави убави склекови не милион повторувања.

Тенк ми лејтер.

Така нема цело време да си во циклусот: повреда - опоравувам од повреда - повреда - опоравувам од повреда...

Кога ќе се повредиш и повредата ќе остави некаков траг на твоето тело, а ќе остави, дека такви се повредите, а и такво е телото. Не е крај на светот, ама и не е целиот свет па повреди.

💋

п.с. насловот на њузлетерот не е по песната на Матич Саша, има еден Југословенски филм со тоа име, малку тежок ама добар..за песната не можам да судам.


Твојот Спорт Инн

Месечни пишуванки за 3 работи кои го менуваат мојот свет. Monthly write ups about at least 3 things that change the world.

Read more from Твојот Спорт Инн

Сладо-лед! rev.30 Коложег и сечко некако се слаби за сладолед. Љубов, ах љубов! Никој не знае што е тоа и како почнува и како точно се осеќаш и зошто...тоа како, мајку му. На кој воопшто прв му текнало тоа таквото да го крсти: „љубов“ и кога? Нешто копав, па тука веројатно е коренот: Proto-Germanic *lubojanan (source also of Old High German lubon,) лубон, љубон..ваљда тука некаде е коренот. Инаку - да се грижи, посакува е позадината. Некаде околу 12/13 век се појавува прв пат, ко збор....

Сладо-лед! rev.29 купи ли некој сладолед? Деталите ја чинат сликата земено од getty images. Деклан Рајс против Сандерленд Сандерленд ќари бод против Арсенал во саботата на 8ми Ноември со драма во последната минута. Додека сите муабети се свртеа кон акробатиката на Броби во 94 мин, или изјавите на Артета дека било „брату беше Хаос“ на утакмицата, една помалку зборена тактика била употребена на стадионот на Сандерленд. Имено, црните мачки (Сандреленд-ци) наменски и нарочно ги имаа подместено...

Сладо-лед! rev.28 период на 50% попуст на сладоледи по маркети. Thank me later. Американката во Италија Фрли поглед на фото. Си ја видел? Ја знаеш? Делува познато, местото? Делува познато ситуацијата? Фотографијата од горе, „Американка во Италија“, најчесто ја имаш видено кога: треба да се покаже како жена е спопадната од еден куп мажи додека си оди по тротоар. Иде и понатаму приказната: „погледни како е исплашена девојката..оној до неа лево погледни како се држи..15 мажи ја зјапаат,...