Сладо-лед! rev.29купи ли некој сладолед? Деталите ја чинат сликатаСандерленд ќари бод против Арсенал во саботата на 8ми Ноември со драма во последната минута. Додека сите муабети се свртеа кон акробатиката на Броби во 94 мин, или изјавите на Артета дека било „брату беше Хаос“ на утакмицата, една помалку зборена тактика била употребена на стадионот на Сандерленд. Имено, црните мачки (Сандреленд-ци) наменски и нарочно ги имаа подместено тие билбордите/рекламите покрај теренот, како би играчите на Арсенал - имаат помал простор за залет кога ја фрлаат топката од аут. Настрана што ова со нафлањево од аут мене ми е 50% глупо, 52,5% остај ги, се праат енглези, од трета димензија ми е интересно - пошто е обид да го хакнуваш системот/трошиш време/демонстрираш сила у раце.. Тренерот на Сандерленд уз типично свеж енглески хумор изјави дека „можда е до ветерот“, па затоа не тепале Арсенал. Како и да е, овој на сликата Рајс, ја убацуваше од аут ко сивоња ама џабе, не дадоа гол од таму, значи тактиката на мачкиве ја прогласуваме за успешна. Иначе не им е прв пат да ги местат рекламите блиску до аутот, лани во плеј офф против Ковентри, го имаат истото направено..и еве ги во Премиер. Дури и големиот Рори Делап (цар за набацувања од аут), се има бунето за истото дека му го правеле и него на времето. Сега може да гледаме како и други екипи ќе го прават истото за да ги неутрализираат, овие набацувачиве. И океј ова со рекламиве, ама не е тоа единствениот начин да се добие некаква предност. Имено: сезоната 2018-2019, Канаринците (Норич) ја имаа офарбано гостинската соблекувална ДУБОКО РОЗЕВА! затоа што оваа боја го намалува тестостеронот и ги опушта луѓето. Бојата има ефект не оти што е розева туку дека се врзува со спомени од детството, вели еден спортски психолог, Г-дин Др. Латињак. Дали работела? Паа, Норич ги изгубил првите две домашни утакмици, ама на крајот на сезоната отиде нагоре во Премиер. Следната година ги префарбале ѕидовите во БЕЛО и испаднаа од лигата. Царевите од КембриџАко некој е цар за црни магии и остално во фудбал тоа е Кембриџ Јунајтед, во најинтересниот период од енглеска лига, 90ти. Не ми ни текнуваат толку многу заебанции..Ја правеле гостинската соблекувална или ужас жешка - или грч ладна. Топките за загревање ги чувале во када за да се напунат вода и да тежат, колку може повеќе. Па на загревање овие топки иделе кај гостите. Шеќер у чајот за гостите..не ја косиш тревата кај корнерот.. Со Џон Бек како менаџер успеале од дивизија 4 до плеј-офф за дивизија 2 во три години, значи..цареви. Crazy Gang of WimbledonЛудаците од Вимблдон, на крај на 80ти, се можеби најдобрата екипа за која не си чул, или не си знаел до сега. Вие што ги знаете од кладилница, не се важите. Пред 100 илјади души на Вембли во 1988, пред Лејди Ди, го тепаат големиот Ливерпул во финале на ФА Куп, со најлудата тактика... "Тhe crazy gang have beaten the culture club" - е реченицата што ја има изговорено еден од најпрепознатливите гласови во фудбалот. Кој играл FIFA 99, па се до Менаџар 07, го чул и го знае. Џон Мотсон, 50 години, гласот на фудбалот на BBC. Енглескиот Атанас Костовски..(изгледај му го ова гостување на г-дин Костовски, човек-пионер-новинар-гигант, „Напиши го тоа што си го чул или видел со свои уши или очи,“ екстра приказни има..). Океј, назад на лудациве..има документарец за нив од 2014та (се напуни текстов со видеа, ама тоа е.), вреди. За нивната победа во ФА Куп, како аматерски клуб од стара дивизија 4 - до врвот. Озбилни аматери, пушти го документарецот у првите пет минути ќе го видиш аматерлукот.. Затоа тоа натпреварување, им е особено ќеифско на сите енглези. Утакмицата почнува со еден заебан старт на Вини Џонс кој му покажува на Стив Мекмаон кој е кој, овој Вини Џонс: Фудбалерот - глумец - заебан лик. Ама тактиката позади победата над Ливерпул, почнала некое време пред оној заебан старт на Џонс. Пази сеа, сите фубалери на Вимблдон, овие лудациве, не се бањале ниту миеле заби недела дена. А? Лудаци? Ама ги победиле..Блазе на Лејди Ди :) Грег Сунес - кројачот на теренотОвој импресивен Шкотски мустаќлија: 1987, Ренџерс против Динамо Киев, Шкотите преферираат физички фудбал, а полесно е да играш така ако теренот е мал и тесен, да нема каде да бегаат играчите и топката. Сунес чекал до последен момент, играчиве на Динамо и тренирале пред утакмица на терен со нормални димензии, ама пред кик-оф, бујрум нови линии. Теренот мора да има фиксна ширина до некој пропишан минимум - Сунес ги исцртал до таму, до тој минимум. И Ренџерс поминале понатаму, 2:0. Оттогаш, екипите пред почеток на сезоната мора да ги кажат димензиите на нивните терени. Мурињо - царот, се додека не е тренер на твојот најомразен ривалДодека жареше во ЛШ, и Премиер Лига со Челси, на сите утакмици против Барселона, и онаа на Рајкард и на Пеп, ја оставаше тревата да израсне до максимум за да се успори топката. Истото го правеше и додека беше тренер на Мадрид.. Главно некогаш му успеваа закачкиве некогаш не..што ме носи кон она што е важно за тебе: Вредат ли тие ситнициДа ти кажам уште во првиот ред: НЕ ЗНАМ! Никој не знае! Нека не те лажат експерти/лајфкоучови! Не постои истражување на светот за тоа дали баш во твојот случај - ако ги купиш тие и тие патики, ќе бидеш евентуално: посилен,помотивиран, подобар.. Можам да ти кажам единствено: да трчаш по тој 1% подобрување без да ги решиш останатите 99% е..без везе. Џабе најдобрите патики, ако не јадеш ко што треба. Џабе најдобрата маица за тренинг, ако редовно не спиеш и си уморен пред да почне тренингот. Ама па. Кој сум јас да зборам за тебе и што може да работи на тебе, не знам. Можеби ако ги купиш тие патики, ќе кликне нешто во главата, ќе се мотивираш и нема да пропуштиш тренинг и ќе јадеш ко што треба. Може, баш со таа маица ќе успееш да направиш едно повторување повеќе, кој ти го дава. Пробај. |
Месечни пишуванки за 3 работи кои го менуваат мојот свет. Monthly write ups about at least 3 things that change the world.
Сладо-лед! rev.28 период на 50% попуст на сладоледи по маркети. Thank me later. Американката во Италија Фрли поглед на фото. Си ја видел? Ја знаеш? Делува познато, местото? Делува познато ситуацијата? Фотографијата од горе, „Американка во Италија“, најчесто ја имаш видено кога: треба да се покаже како жена е спопадната од еден куп мажи додека си оди по тротоар. Иде и понатаму приказната: „погледни како е исплашена девојката..оној до неа лево погледни како се држи..15 мажи ја зјапаат,...
Сладо-лед! rev.27 Nero, одобрено. Некој ултра скап џелато од ист гејт, не е пробан. Без наслов, но со линк Да одиме малку различно овој месец. Да ги наредам најинтересните работи што ме најдоа додека зјапам во екран. За да можеш да зјапаш и ти, додека седиш дома или на плажа или на планина или на балкон што гледа накај плажа или балкон што гледа накај друг балкон, а на другиот балкон исто седи некој со кој ќе си кимнеш и со тоа ќе констатирате дека е жешко за на балкон, па ќе се повлечеш..и...
Сладо-лед! rev.26 Палма, Аеродром, Крцко - одобрено. Ништо ново на хоризонтот Светот е станат таква ванила. Не. Веќе и ванила е егзотично за тоа колку е досаден светот околу. Разни работи ме тригерираат во последно време, меѓу нив и.. За ванилата во МК ич да не збориме. Иаме некои рециклирани ликови на тв. Тоа се некои маргиналци од мое време кои се обидуваат да се уклопат во новото време. Пр. оној СМирчевски имал подкаст! И нему сл. Некакви персоналити по интернет, ама све е тоа, преведено...