Зелено = здраво! #68


Сладо-лед! rev.21

Имаше денови кога не се јадеше сладолед, се срамам. Џино, бараат бубрег ако седнеш и нарачаш 2 топки, а ти даваат две „кикирики“ сладолед.


Француски писател кој пишувал бестселери за сериски убијци, да ти бил и самиот он сериски убиец, или не?

Насловот е доволен. Еве и трејлејче едно плус:

video preview

Минатиот пат пишував за стремио..да не се повторувам иако repetitio est..


Дизајн фантазија

За 4 години ќе има Олимписки игри во Америка во Лос Анџелес по трет пат. Не знам, може ангелите им помагаат. Прв пат во 1932,

која била првата комерцијално успешна олимпијада. Не знам што ме спогоди со олимпијадиве, озбилно не знам, нејсе.

На таа прв пат е воведено олимписко село као концепт, односно било крстено, скроз амерички, Олимпик Сити.

Начекав крајно интересна серија написи на тема Олимпијада во Лос Анџелес. Искрено ме мрзи да парафразирам иљада реченици, а изворно материјалот е екстра!

Насловот: „Дизајн Фантазија“, всушност е посветен на вторите игри во ЛА во 1984, за кои имав видено по некоја фотографија, но ова што го гледам сега е 🤤, за тоа како добрите идеи не држат никаква временска рамка. Слободно може истиот дизајн да се постави и во 2028 и пак ќе биде екстра.

L.A.'s 1932 Olympics Put the City on a World Stage

The Olympic Village: A Los Angeles Innovation

How the Gleeful Aesthetic of L.A.’s 1984 Olympics Unified a Sprawling City

A Look Into the Future: The Los Angeles Olympics in 2028

*бонус случајна инспирација: Mac Baconai, ВИ уметник, не знам веќе со компјутериве многу далеку отиде све. Дека некој со зборови може ова да го нацрта..


Зелени прашаци за зелени парички

Може е касно да го кажам ама:

„Ако нешто е премногу добро за да е вистинито, тогаш веројатно НЕ е вистинито.“

Модерната верзија на ова би било:

„Ако милион „инфлуенсери“ промовираат еден ист производ на јутјуб, веројатно е некаква измама.“

Нормализирањето на пиење секакви, какви уште не суплементи за секој можен аспект од битисувањето:

  • пробиотик?
  • пребиотик?
  • протеин,
  • креатин,
  • корен од...
  • бустер на: сон,несоница,енергија,косораст,тст..

без никој да помисли два пати, зошто треба да го пие тоа или кој е тој што го прави/продава тој суплемент, е малку тажната реалност на нашево секојдневие.

Може да замислам, како само ќе изгледа ова во иднина? Кога ќе им дадат бустери на сите тие ботови/вештачки интелегенции..уствари не можам.

АГ1

Овој од горе е ептен многу присутен, секако надвор од МК (што во случајов е ПЛУС++), верувам дека сите сте го виделе до сега. Или пак сте виделе слична верзија.

Некој зелен шејк (кој одма е најбољи - дека зелено = здрав), кој има во себе - што све не, 75 работи?! Као една лажица дневно и готово, покриен си, као надпросечен Македонец со кредити, хехенце.

И? Нема некој од оние кои сакаат да се претстават себеси као некаков авторитет во сферата - здравје/вежбање/долговечност, што не го рекламира. Оној од минатиот месец со кафето - да и он го рекламира. Пошто авторитет на интернет = авторитет врз тебе, а тебе специјалност ти е ексел, па викаш штом Хуберман и сите можни други го рекламираат, мора да е добро.

Клик, клик, гадно малце зеленово, ама мора да е здраво, јер зелено, јер хуберман...и така сите ние клик - клик. Па еден заборавен пријател ќе се појави, ќе те убадува дека е појак од зелениот шејк...и така...

АГ1 = атлетик гринс е проценета на $1.2B!

Како оној со кафето сега имаме некој друг со зелениов прашак:

video preview

И..интересно?

„Anything to avoid just eating more vegetables, which would be much cheaper than this powder, ironically.“

п.с. Не мора ни на овој Џош шо го направил видеово многу да му верувате, ама сепак..


Твојот Спорт Инн

Месечни пишуванки за 3 работи кои го менуваат мојот свет. Monthly write ups about at least 3 things that change the world.

Read more from Твојот Спорт Инн

Сладо-лед! rev.29 купи ли некој сладолед? Деталите ја чинат сликата земено од getty images. Деклан Рајс против Сандерленд Сандерленд ќари бод против Арсенал во саботата на 8ми Ноември со драма во последната минута. Додека сите муабети се свртеа кон акробатиката на Броби во 94 мин, или изјавите на Артета дека било „брату беше Хаос“ на утакмицата, една помалку зборена тактика била употребена на стадионот на Сандерленд. Имено, црните мачки (Сандреленд-ци) наменски и нарочно ги имаа подместено...

Сладо-лед! rev.28 период на 50% попуст на сладоледи по маркети. Thank me later. Американката во Италија Фрли поглед на фото. Си ја видел? Ја знаеш? Делува познато, местото? Делува познато ситуацијата? Фотографијата од горе, „Американка во Италија“, најчесто ја имаш видено кога: треба да се покаже како жена е спопадната од еден куп мажи додека си оди по тротоар. Иде и понатаму приказната: „погледни како е исплашена девојката..оној до неа лево погледни како се држи..15 мажи ја зјапаат,...

Сладо-лед! rev.27 Nero, одобрено. Некој ултра скап џелато од ист гејт, не е пробан. Без наслов, но со линк Да одиме малку различно овој месец. Да ги наредам најинтересните работи што ме најдоа додека зјапам во екран. За да можеш да зјапаш и ти, додека седиш дома или на плажа или на планина или на балкон што гледа накај плажа или балкон што гледа накај друг балкон, а на другиот балкон исто седи некој со кој ќе си кимнеш и со тоа ќе констатирате дека е жешко за на балкон, па ќе се повлечеш..и...