Приказните позади фотографиите #76


Сладо-лед! rev.28

период на 50% попуст на сладоледи по маркети. Thank me later.


Американката во Италија

Фрли поглед на фото. Си ја видел? Ја знаеш? Делува познато, местото? Делува познато ситуацијата?

Фотографијата од горе, „Американка во Италија“, најчесто ја имаш видено кога: треба да се покаже како жена е спопадната од еден куп мажи додека си оди по тротоар. Иде и понатаму приказната: „погледни како е исплашена девојката..оној до неа лево погледни како се држи..15 мажи ја зјапаат, дофрлаат, свиркаат, зборат чао бела..кузнае како завршува ова..

Све тоа океј, ама вистинската приказна на конкретната девојка од Америка во Италија никако да е најгласна, веројатно дека не е толку ШоКаНтна/КоНтрОвЕрзна, ае подобра од тие шок и клик наслови.

Еве што има да каже - Нинали Ален Крег: “It’s not a symbol of harassment. It’s a symbol of a woman having an absolutely wonderful time! I clutched my shawl to me because that sheaths the body. It was my protection, my shield. I was walking through a sea of men. I was enjoying every minute of it.”

А моментот по овој момент го немаме? Или и тој е оставен на фантазија, па затоа и муабетине за зјапањето и малтретажата?

Е. Ги имаме моментите од после сликава:

Нинали се качува на веспата и си се возика со дечкото, скоро ич шокантно:

Ова се случува во 1951 година, Нинали има 23 години и патува сама низ Европа, нешто што мнооогу малку девојки го правеле, можда и денес. Во Фиренца, каде патем спиела за 1 долар, се запознала со уште една американка, 29 годишна Рут Оркин (1921- 1985), која исто патувала сама, како дел од Лајф списанието. Фотографијата е дел од серијал, „Немој да се плашиш да патуваш сам/а“.

Оркин е уствари жена - царица - фотограф, почнува да фотка на 17 години, кога вози точак - ПАЗИ - од Лос Анџелес до ЊуЈорк за да го фотка Светскиот Саем 1939, а ти со точак нејќеш да идеш на работа, еве ја:

Има интересна биографија, фрли поглед тука.

Назад кај Нинали, култнава фотографија е всушност, фатена од втора, поминала два пати пред дечкиве, ко што се гледа на кадрите. Остатокот од филмот има слики од „глупирања“ на две девојки низ Италија, кафенце, споменици, регулар работи:

Нинали: “Some people want to use it as a symbol of harassment of women, but that’s what we’ve been fighting all these years,” еве ја на 85.

Дугачко време фотографијата била цензурирана, дека еден од дечкиве се фаќа за меѓуножје, а самата Американка вика дека дечките биле безопасни, повеќето мажи немале работа, земјата била уништена од војната и полека се опоравувала.

Еве и колоризирана верзија:

Има уште за Рут Оркин тука. Кул девојки во некул време.


Ручек на небодер

Одма да ја закачам фотографијата:

Слободно може да трошиш време во друг таб - и да бараш дали е фотошопирана од 1932? Не знам, која верзија фотошоп била тогаш?

Дечкиве ручаат на челична греда, при изградбата на Рокфелер Центар во ЊЈСити. Ла-ба-во, ко што ручаат нашине мајстори на маса од врата ставена на две гајби од пиво.

Фотографијата за штета и за греота 70 години поминува без соодветна акредитација, па затоа до 2003 насекаде ја пишува: photographer unknown.

Каков бе, непознат, види го овој неповторлив мангуп:

Од кај да почне човек. Од името: Чарлс Ц. Ебетс. Па, кондурите, трегерите, елеганцијата со која ја држи камерата (сигурно тежи 10 кила) додека онака ја јава гредана..како бе не е закачен со некое јаже?

Освен онаа со ручекот, Чарлс има исто толку ремек дела, високо горе на градилиштата на ЊуЈорк. Се трудам да најдам, некаквоси, скриено јаже, некоја финта како се сликани, ама џабе. Нема финти, само м**а. И тоа..

Овој каскадер/фотограф работел свашта, актер, пилот - каскадер и wing-walker, тркач, борач..

Околу тоа wing-walker, не е тоа братучед на Johnnie Walker, туку тоа е буквално одење по крилата на авион во лет. Види видео:

video preview

Човече, па сликањево на градилиштава е релакс активност за Чарли. Долго време неговава најпозната фотографија останува без соодветно признание, бидејќи во тие 1930ти години, фотографите не се сметани баш за уметници, туку регулар работници за плата. Веројатно за објект ко Рокфелер Центар биле ангажирани повеќе од еден фотограф, затоа и имаме слика од Чарлс како слика, но ниту еден друг не се пријавил за „ручекот“. Не ја наоѓам годината но неговата ќерка, како доказ за автентичност го има доставено оригиналниот стаклен негатив,

се чува, ко што треба да се чуваат ремек дела; секако не во архивот на ск, туку во пештера некоја во Пенсилванија, заради специфичната влажност итн..

Чарлс по ЊуЈорк се сели во Мајами, каде е еден од првите фотографи за Асошиејтед Прес, слика и за време на WW2, по бази и операции во Флорида и низ Јужна Америка. После се префлил на фотографии од див свет на Флорида, негови фотографии има низ: Miami Daily News, The New York Times, National Geographic, Outdoors Unlimited, Field and Stream Magazine, U.S. Camera..еве една од Мајами за да си правиме заедно daydreaming,

Повеќе за Чарлс имате тука.


Приказната позади оние пред/потоа фотографии

Може си забележал, може не, ама да ти повторам, зошто не гледаш онакви пред/потоа фотофграфии со наш потпис.

Пошто се глупи. Тоа е приказната.

За понављачи и за оние со куса меморија, а и јас да се потсетам. (плус да рециклирам содржина.)

Има многу повеќе причини од овие 7 со букви, седум, но еве да почнам од нив. Секоја да ја испринтаме на маичка? М.

  1. Често не ја покажуваат вистинската слика. Може да си играме со различна поза, светлина, облека, стегање.
    • Под вистинска слика, мислам на вистината. Можеме да си играме и со многу повеќе напредни алатки ама и овие древниве: поза, светлина, флекс се доволни за да ве изманипулираат. Што би добиле ние од тоа?
  2. Не ја покажуваат целата работа што некој ја вложил за да изгледа така.
    • Знаеш..тоа се само фотографии. Тоа е само некаков резултат, позадината на тој резултат е повеќе за сликање и документирање. Знаеш за приказната на Арнолд.
  3. Наша цел е: да сте посреќни, посмирени, да научите нешто повеќе за себе и за вежбањето, да сте посамоуверени, а тоа да го сликнеш е: тешко.
    • Тоа е за муабет. Ние баш сакаме муабет.
  4. Ако ти требаат баш такви слики, не знам - да ве мотивираат? (а не треба!) Има милион на нет, ѕирни ги. Тоа не си ти, тоа нема да си ти, само ти си ти.
    • Зошто тоа преправање? Биди си Ти. Најефтино е, најлесно е. Само тогаш ќе напреднеш и во вежбањето и во карактерот.
  5. Има ‚‚тренери” што ги буткаат своите студенти во екстремни калориски дефицити и ги убиваат од тренирање своите вежбачи, само со една цел. Да изгледаат така во фамозната фотографија - потоа, а сакаат да стигнат до таму за 2 седмици. Само им прават нов проблем во главата на тие вежбачи и им помагаат да влезат во една спирала на погрешни одлуки и мотиви. Баталете тоа, аман.
  6. Ние сакаме да се сликате и да си го следите напредокот. Ама правете го тоа за вас. Бидете си искрени, не се преправајте. Сликајте се на исто место, на исто светло, во иста облека. Без облека. Како го држите детето, кучето, мачето..
    • Ако се преправате, верувајте лажете само еден, а тоа не сме ние.
  7. Вашето тело е само ваше.
    • Ова нека ве води. Само вие имате целосно право и контрола врз вашето тело. Не го шиткајте за некој мизерен лајк што има вредност 2 секунди.

Додека ги читате овие 7 на вас ви текнува и уште некоја плус. Одлично.

Ви личат тотално реални и разумни. Па нормално, we want you, ајде да си направиме муабет.

Ако сакате да пробате no bullshit пристап кон тренинг, каде ќе научите нешто за себе, а и за вежбањето општо, а и за возење точак, а и за еспресо… Тука сме, ве чекаме.


Твојот Спорт Инн

Месечни пишуванки за 3 работи кои го менуваат мојот свет. Monthly write ups about at least 3 things that change the world.

Read more from Твојот Спорт Инн

Сладо-лед! rev.29 купи ли некој сладолед? Деталите ја чинат сликата земено од getty images. Деклан Рајс против Сандерленд Сандерленд ќари бод против Арсенал во саботата на 8ми Ноември со драма во последната минута. Додека сите муабети се свртеа кон акробатиката на Броби во 94 мин, или изјавите на Артета дека било „брату беше Хаос“ на утакмицата, една помалку зборена тактика била употребена на стадионот на Сандерленд. Имено, црните мачки (Сандреленд-ци) наменски и нарочно ги имаа подместено...

Сладо-лед! rev.27 Nero, одобрено. Некој ултра скап џелато од ист гејт, не е пробан. Без наслов, но со линк Да одиме малку различно овој месец. Да ги наредам најинтересните работи што ме најдоа додека зјапам во екран. За да можеш да зјапаш и ти, додека седиш дома или на плажа или на планина или на балкон што гледа накај плажа или балкон што гледа накај друг балкон, а на другиот балкон исто седи некој со кој ќе си кимнеш и со тоа ќе констатирате дека е жешко за на балкон, па ќе се повлечеш..и...

Сладо-лед! rev.26 Палма, Аеродром, Крцко - одобрено. Ништо ново на хоризонтот Светот е станат таква ванила. Не. Веќе и ванила е егзотично за тоа колку е досаден светот околу. Разни работи ме тригерираат во последно време, меѓу нив и.. За ванилата во МК ич да не збориме. Иаме некои рециклирани ликови на тв. Тоа се некои маргиналци од мое време кои се обидуваат да се уклопат во новото време. Пр. оној СМирчевски имал подкаст! И нему сл. Некакви персоналити по интернет, ама све е тоа, преведено...