Викенд со Павароти и со Берни #75


Сладо-лед! rev.27

Nero, одобрено.

Некој ултра скап џелато од ист гејт, не е пробан.


Без наслов, но со линк

Да одиме малку различно овој месец.

Да ги наредам најинтересните работи што ме најдоа додека зјапам во екран.

За да можеш да зјапаш и ти, додека седиш дома или на плажа или на планина или на балкон што гледа накај плажа или балкон што гледа накај друг балкон, а на другиот балкон исто седи некој со кој ќе си кимнеш и со тоа ќе констатирате дека е жешко за на балкон, па ќе се повлечеш..и така ќе уживаш и ќе се израдуваш дека конечно најде време да купиш:

  1. Campari
  2. Џин
  3. Вермут

и да ги измешаш во следниот сооднос по овој редослед:

  • 30мл/3цл Џин
  • 30мл/3цл Campari
  • 30мл/3цл Вермут

да ги ставиш во чаша за виски со некоја убава коцка мраз, да мешаш со висока лажица додека не се излади и ороси чашата и на крај да излупиш едно парче кора од портокал да ја свиткаш и да дозволиш малку од сокот да прсне на и во чашата. Да го добиеш ова:

Да, се напиеш голтка. И:

  • од секогаш сум сакал да одам на Карибите,
    • Backstory: додека се печатеше NG секоја година се добиваа по 4 мапи, во еден број имаше и на Карибите, беше гордо закачена и религиозно студирана. И кога ќе дојдеше време за одмори, се визуелизирав таму, на St. Lucia и на St. Thomas.
    • сега може да ми правите друштво и заедно да зјапаме.
  • Павароти д GOAT во лето + линк до неговата вила која може да ја изнајмиш.

Вила Павароти, во моментов е слободна од 23ти август.


Subscribe to Твојот Спорт Инн