Сладо-лед! rev.26Палма, Аеродром, Крцко - одобрено. Ништо ново на хоризонтотСветот е станат таква ванила. Не. Веќе и ванила е егзотично за тоа колку е досаден светот околу. Разни работи ме тригерираат во последно време, меѓу нив и.. За ванилата во МК ич да не збориме. Иаме некои рециклирани ликови на тв. Тоа се некои маргиналци од мое време кои се обидуваат да се уклопат во новото време. Пр. оној СМирчевски имал подкаст! И нему сл. Некакви персоналити по интернет, ама све е тоа, преведено со ВИ од регионов. Реткост е некој или нешто да привлече внимание, со било што, а најмногу со свежа оригиналност и ексцентричност. А не е дека не копам оффлајн и онлајн по чудни работи. Баш такви и тука месечно откопувам. Затоа и фасцинираноста на светот со..еве на пример Кралов на џигериве. Мислам, внимавај колку е подалеку од тоа што е стандард на интернет, на тв, на радио, на билборд. Ова со билбордиве, односно со рекламите на тој медиум ми е слабост. Подолу, повеќе. Порано кај нас етерот го освежуваа домашни ликови ко: Коста Бургов (уште освежува), тв ко Балкан Експрес, радио доживуванки ко Балканска Ебанка, Зевзек, летна и зимска рекреативна програма, Наше Маало, Дајте Музика.. Нашето око и уво, сакаат чудни работи, сакаат розево во белото, попрво ќе гледаш полугол човек што јаде живи тестиси на бик наместо „доџивљај на естрада“ на бекстејџ на сител иако на двете места има чудни луѓе. Ќе ја памтиш КенЛииии. Ќе го гледаш Бајрам Хемиско Чистење на инстаграм наместо рекламине со онаа течна гума, аман. Затоа, треба да им се даде поддршка на чудните. Пошто ќе останеме со течнана гума. Рекламите. Така зихерашки се игра таа игра со нешто што по правило треба да привлече внимание, мислам.. Порано луѓето, биле затуцани, сега кога сме софистицирани со све особено со компјутери имаме реклама за производ вода - симни апликација за да те потсеќа да пиеш вода? Жити се! А во 1976 Периер му го покажува ова на окото, за производот газирана вода во поголемо шише: Во МК, Скопско ја имаше легендарната со двајцата што седат на топло и си наздравуваат со имагинарни пива ❤️, додека сум на тема вода. На другата страна го имаме производот, кола, марка Порше во 2025: Добро ќе возиме. Како? Зошто? Иднинава е сива. На другата страна од другата страна го имаме производот, кола, марка Цитроен во 1986: Револиционерно! (Гласно вика малиот АХ) И таму десно е пишано зошто АХ е револуционерен. *Ставен е на делот на кинескиот ѕид што е најтесен, бидејќи АХ е 1,5 метри широк, а сепак внатре има место. *инфо за пицајзли за коли (иако споредбава е смешки): АХ има коефициент на отпор (Cd) = 0,3; Taycan има коефициент 0.22 (Cd); AX троши 3,9 литри при 90км/ч, Taycan троши од 16 до 22 квч/100км тука ти прави си математики, колку кошта вожњата од иднината. Ванила. Се мислам да почнам, без обврски, скопски билборд сафари, па да сликам и да коментирам добри и помалку добри реклами?
Кралот на ЏигеритеБез спојлери! Брајан, е дете кое расте без својот татко, таа фигура ја наоѓа во теретана, има свои деца кои се болежливи, чита книга за лајфстајлот на предците? (ваљда учебник по историја?), и останатото е историја..гледајте го. Со спојлери! И? Требаше да си додаде на почетокот на тие осумте принципи:
И одма ќе беше подруго. Го релативизирав целото доживување, ама, па дали бе имаше некој полу-нормален од сите тие со кои што правеше муабет - тераше подкасти си мислеа дека е тоа регулар - од џигер јадење полу гол маж, кој раскажува за некојси примитивни вредности?! Уф, долга реченица. И епизодата го доживува својот врв, кога ќе го дознаат дека се боцка. Па дека не бил искрен кога зборел..срам го било. Ама озбилни ли се луѓево? Стварно ли му веруваат, ај на овој со џигериве туку на онакви ко оној Логан/Џејк Пол и уште милион такви, подкастери (ако така се викаат)? Човек изгледа треба да ги гледа почесто, за да се одржува во форма, да знае од каде можат да го нападнат. Со што можат да те нападнат и како да се браниш. Инаку, беше интересен Кралов. Мислам, на колку тв програми можеш да гледаш некој како јаде живи тестиси и џигер? Да се правиме будали дека изгледа така како што изгледа од јадење тестиси и џигер. Да сме изненадени дека си подлажнува. Па, сепак на крајот еве станува градинар..ја сака природата. Да можеше некако и џигеров да го направеше вегански и мислам дека сите можни агли ќе му беа покриени. Каралов беше океј да те потсети дека е добро да се движиш/вежбаш, јадеш, спиеш..да отвориш на нет да видиш дека има нет ворт од 300 милиони?! Но, сепак ако сакаш и тебе може да те научи како да заработиш некој долар. Па можеби ќе си речеш чекај бе па ја ова го правам и јас да не сум некој крал на џигерите/пилешките гради/свинските кременадли/ребра/овесните снегулки/авокадо тост..? Па да идам на накој подкаст..а? Но, мене цело време во глава ми беше МК верзијата на епизодава. Пази: Ент. Меана: Турското е за после џигерот, забоклечката е за магдоносот, показалецот и средниот прст споени ќе бидат подигнати кон устата каде звучно ќе се бакнат, со што ќе се алудира на квалитетот на џигерот и општо атмосферата во финиот естаблишмент во кој се наоѓа нашиот главен лик. Човек ужива. Одеднаш му влегуваат двајца, еден со камера еден со буба. Подговтени за вообичаените 4 саати подкаст прашања и чуденки, oколу, неговиот лајфстајл, суплементација, часови сон и програма за вежбање. Главниот лик, прво е учтив, второ е зачуден, трето ги брка со звучни пцовки. Човекот можда не вежба, не спие доволно, пие апчиња за притисок, но не е лажго и нема 4 саати за трошење. Ент. Меана: Главниот лик, отвара билтен. Fade to black. Да вежбам или да ми е тешко
Резултатот е: 50 посто од вас сакаат повеќе експертски совети и 50 посто од вас сакаат да лапаат суплементи. Експертски те советувам дека треба да го уклучиш мозокот околу суплементите. Не знам зошто треба да го сметаш за добар совет - оној совет што доаѓа од рандом лик на интернет. Колку убедливо и да звучи. Макар е облечен у бел мантил. Сите тие имаат агенда. Сакаат да продадат повеќе од тоа што го продаваат. Оној Хуберман ти раскажував колку добива за да предава колку е добар тој зелениот АГ1..и слични на него. Суплементи се додатоци, не дека не можеш без нив. Биди прагматичен. Мене ми е нејасно како толку многу луѓе лапаат суплементи без да направат проста па после тоа посложена анализа на крв, да видат што имаат што им фали, да седнат на маса кај доктор, да направат муабет..Јас така би направил, дека сепак на крај ти треба да ги пиеш, јадеш тие додатоци, оној од интернет, не знаеш дали ги пие/јаде. |
Месечни пишуванки за 3 работи кои го менуваат мојот свет. Monthly write ups about at least 3 things that change the world.
Сладо-лед! rev.29 купи ли некој сладолед? Деталите ја чинат сликата земено од getty images. Деклан Рајс против Сандерленд Сандерленд ќари бод против Арсенал во саботата на 8ми Ноември со драма во последната минута. Додека сите муабети се свртеа кон акробатиката на Броби во 94 мин, или изјавите на Артета дека било „брату беше Хаос“ на утакмицата, една помалку зборена тактика била употребена на стадионот на Сандерленд. Имено, црните мачки (Сандреленд-ци) наменски и нарочно ги имаа подместено...
Сладо-лед! rev.28 период на 50% попуст на сладоледи по маркети. Thank me later. Американката во Италија Фрли поглед на фото. Си ја видел? Ја знаеш? Делува познато, местото? Делува познато ситуацијата? Фотографијата од горе, „Американка во Италија“, најчесто ја имаш видено кога: треба да се покаже како жена е спопадната од еден куп мажи додека си оди по тротоар. Иде и понатаму приказната: „погледни како е исплашена девојката..оној до неа лево погледни како се држи..15 мажи ја зјапаат,...
Сладо-лед! rev.27 Nero, одобрено. Некој ултра скап џелато од ист гејт, не е пробан. Без наслов, но со линк Да одиме малку различно овој месец. Да ги наредам најинтересните работи што ме најдоа додека зјапам во екран. За да можеш да зјапаш и ти, додека седиш дома или на плажа или на планина или на балкон што гледа накај плажа или балкон што гледа накај друг балкон, а на другиот балкон исто седи некој со кој ќе си кимнеш и со тоа ќе констатирате дека е жешко за на балкон, па ќе се повлечеш..и...