Бавен јуни, со вселена, кореографија и еден куфер #80


Сладо-лед! rev.32

Кога во Падова ќе одиш, ред ќе чекаш и сладолед од Портогало ќе пробаш.


Спејс

Ти текнува кога на глуп и поглуп, Џим Кери излегува од барот, па фрла поглед на урамен лист од весник: „Man walks on the moon".

Пресреќен извикува, NOOO WAY!, we landed on the moon.

Една од многуте генијални суви смешки во глуп и поглуп, шо поминува можда тивко. Ама е генијална.

И еве можеби скоро ќе оди некој човек пак. Меѓувреме, артемис дојде многу блиску и отиде многу далеку, со неверојатна кореографија, и тоа можевме да го гледаме у живо на јутуб у 4К!

NOO WAY!

Мислев дека патувањето на артемис ќе биде хајлајт на годината, ама се исподесија некои глупи работи низ светот и некако, секогаш тие глупи работи се погласни од оние кои се буквално rocket science и истражување на вселената, ама тоа е.

Кој следеше, ок, кој не следеше пак ок. Кој сака може на сајтот на артемис да ги симне сликите и да си ги стави за тапет на телефон, излгдаат нестварно добро.


Не треба скапи технологии за да биде импресивно

Артемис, НАСА, ракети, црна позадина и во далечина наѕира планетата Земја - импресивно. Ама размисли само колку многу кошта таа фотографија? Чатаљон долари.

А сега да те запознааm со Лола Фалана, или позната како: The first Lady of Las Vegas.

Погледни како со, кореографија, светло и костими може да се направи спектакл. Башка и добро пее.

video preview

Куфер ко куфер, празен

Период на годишни, период на, кај ми е куферот. Сигурно исто така било и порано. Порано - како 18ти век, Франција. Кузнае колку и било тешко на Марија да спакува све што и треба и во лето да не иде подалеку од Версај. Да види како е во градината, па да се прошета до малиот Трианон. Веројатно вечерта јадела торта.

А каков бил куферот? Што носела за тоа големо патување од неколку километри.

Е сега иде заплетот. Кој сака имал можност да си го купи и да се осеќа ко Марија, да јаде торта и да се парфемира. За среќа касно го видов и продажбата е затворена.


Subscribe to Твојот Спорт Инн