Одглупи го глупото Брпи #72
Сладо-лед! rev.25УметносПоштувач на уметнос сум, може тоа да се забележи низ моиве пишуванки. Колку пооткачена, толку поише е уметнос по мој вкус. Глупине работи, као залепенана банана, оној Ротко, некои перформанси каде еден се дере у ќош - па ние треба да ја осетиме вибрацијата и да сме воодушевени..тие не се откачени. Тие се глупи, А уметноста не познава граници, не е екслузива само за Франција, Италија..некогаш ѕирка и се појавува од неочекувани места, добро не од Пехчево (сега за сега), ама еве да видиш, што има во Киншаса, Д Конго. Д Конго, една од најбогатите земји во светот по природното богатство, но една од најсиромашните по не природното богатство, а тоа некако е на цена. Во Киншаса, освен центарот, каде што не живеат - Киншасанци (си мислев Кочанчани е чудно), околу тој странски центар, живеат луѓе у гетоа, каде имаат по два саати струја во денот и така просто и едноставно немаат вода. Живеат од ништо во ништо. Но знаеш, што има Д Конго во изобилие? Ретки метали и ѓубре. Тука сме слични, освен за тие ретките метали. Целиот литиум иде од таму, ама светот е итар па после откако ќе го исцица литиумот, целото ѓубре го враќа таму. Чуден е тој бизнис со ѓубрето. Ти текнува дека и ние купуваме странско ѓубре па го палиме/фрламе/гледаме кај нас, итрици едни. Во тој дел, не заостануваме ни тронка, таму сме лидери во регионот. Баш не бива од нешто да направиме ништо. Длабок наклон. Во градот кај што нема вода, глупа на уметници, пуни сарказам и креативност прават маски. Традиционално маските во Африка се прават со природни материјали: листови, гранки, односно она што е на земјата, АМА, ако на земјата има само ѓубре тогаш, се снаоѓаш. Проектот се вика Хомо Детритус (мртов човек?.) Фотографот е ирноично Французин, Stéphan Gladieu. Да имав, ко што немамНека тече во позадина, кликај, за целосен доживљај: Па да купам, куќа. Куќааа во Лондон. Куќа на Портобелооо. Кај што бил Падингтон. За 4,5 милиони фунтииии. И да продавам, глупости од подрум и гаража. Увезени од Бувљак. На, Енглези и Туристи за ХХХ фунти. 1001 ноооќ. За повеќе информации. Барајте ме во риплај. Може ли Брпи да ти стане омилената вежба.Контроверзно. Да. Можеби е поконтроверзно од глутен и веганство? Веројатно. Не знам. Сите ја мразат вежбата, бидејќи е лесно да мразиш. Сигурно е полесно да мразиш, отколку да пробаш да правиш нешто како што треба. Полесно е да се откажеш, отколку да издржиш. Најлесно е, да си против нешто. Немој да си таков. „Мене ова не ми се свиѓа!“, а не кажува што му се свиѓа! Туку за све е, НЕ ова, НЕ она. Ама тоа не си ти. Ти сакаш да пробаш. Ти не се преправаш. Ти, баш ти Reader сега, реши дека ќе го направиш Брпи - убаво. Некаде узпат, оваа вежба е станата неподнослива за повеќето, иако ако ја раздвоиме, не е воопшто лоша и тешка.
Тоа е. Брпи. Кое се трпи. Проблемот е што во теорија е убава вежба, но во пракса е станата...све освен убава. Најчесто е: грди скокови на под, следени од некаков планк/склек/лепење на гради на под. А како треба да биде? Најди ја твојата, граница! Најди го твоето ниво и вештина! Не се преправај, дека си цар, ако не си. Дај си време. Ќе станеш, цар. Вака: не мора секое брпи да биде со склек за секој. Повеќето, не знаат да прават склек, ова под 1. Останатите не можат да направат убав склек, ова под 2. Значи повеќето не мора да прават склек откако ќе бидат во пленк на брпи! Ако не си како повеќето. Ако можеш да правиш склек, прати ми видео да видам. Вака: не мора да се фрлаш на земја. Пробај чучни. Ако не можеш да чучнеш со цело стапало на земја, дигни ги петите. Не е страшно. Ќе успееш, сигурно, ако си упорен. Откако ќе ги усовршиш овие два основни елементи на брпи. Може да продолжиме со следните два:
За варијанти и како да е забавно, те чекам во риплај. п.с. некако многу на двонасочна комуникација инсистирам месецов.. |